Online Platform for Exchange of Special Needs
Youth Work Methods (OPEN)

Project Identification Number 2017-1-BG01-KA205-035775

Дата на почеток: 01.07.2017 | Траење: 20 месеци | Дата на крај: 28.02.2019

Партнери

  1. National Association of Resource Teachers – Бугарија
  2. Центар за Младински Активизам ЦМА Крик – Македонија
  3. CET Platform – Бугарија
  4. OFENSIVA TINERILOR ASOCIATIA – Романија
  5. YOUNET – Италија
  6. CELJSKI MLADINSKI CENTER, JAVNI ZAVOD ZA MLADINSKO KULTURO, IZOBRAZEVANJE, INFORMIRANJE IN SPORT – Словенија

 

Контекст/позадина на проектот

Нашиот проект го комбинира трудот на 5 младински организации и една чадор-организација од 5 држави (Бугарија, Италија, Македонија, Романија и Словенија) на меѓусекторско ниво (млади и образование во училишта) во развојот на првата онлајн платформа (OPEN платформата) за потврдување на добри пракси во младинската работа кои можат да бидат аплицирани на петте групи на млади кои учат со посебни потреби: аутизам, видна и слушна попреченост, дислексија, физичка попреченост. Овие се најчестите типови на потешкотии со учењето, потврдени на национално и европско ниво. Младинската работа се' повеќе треба да се зафати со овие предизвици со кои се соочуваат младите луѓе. Како и да е, младинските работници низ ЕУ не секогаш ги имаат потребните инструменти и познавања. Нашиот проект ќе истражува можно решение за овој предизвик преку поврзување на образовни специјалисти за посебни потреби и младински работници во нашите партнерски држави и низ Европа преку иновативната OPEN платформа.

Нашиот меѓудржавен преглед на моменталната ситуација во партнерските држави потврди дека, во голем дел, младите луѓе во возрасната група од 13-18 години, кои имаат некоја од погоре споменатите форми на потешкотии со учењето, учат со поддршка на образовни професионалци, најчесто ставени во рамките на вообичаените институции за школско образование и/или посебни центри за посебни потреби. Покрај мноштвото од јавно поддржани услуги за образование, некои млади претпочитаат да ги употребуваат услугите на приватни даватели на тренинг.

 

Цели на нашиот проект

Наша главна цел е да ја зголемиме ефективноста на младинските работници во фасилитирањето на тренинзи и други активности, во кои се вклучени млади со потешкотии во учењето.

Главните постапни цели за да се достигне оваа цел се:

  • Развој на онлајн платформа (OPEN платформа) на 6 јазици (бугарски, романски, словенечки, македонски, италијански и англиски) за размена на добри пракси во полето на младинската работа со млади луѓе кои се соочуваат со потешкотии во учењето и спроведување на 2 тематски вебинари;
  • Развој на евалуациска методологија за валидација на добрите пракси како апликабилни во една или повеќе од петте области на потешкотии со учењето (аутизам, видни и слушни попречености, дислексија, физички попречености);
  • Спроведување на пилот од платформата, вклучувајќи валидација на 10 добри пракси и имплементирање на 2 тематски семинари;
  • Обезбедување на постојана дисеминација на проектните резултати низ заедниците во партнерските држави и низ Европа.

 

Број и профил на учесници

Нашата целна група се младинските работници, кои работат со млади луѓе од возрасната група од 13-18 години во училишта или други средини.

Ние разликуваме две подгрупи на работници:

  1. Оние кои се соочуваат со ученици со потешкотии со учење во нивната секојдневна работа.
  2. Оние кои имаат изгледи да работат со такви ученици во лесна или понатамошна интензификација на процесот на интегрирање на концепт на инклузивно образование на сите нивоа од системите за доживотно учење во партнерските држави и низ Европа. Првично планираме да вклучиме барем 24 младински работници и образовни професионалци за посебни потреби кои ќе се вклучат во заедничките тренинзи во Софија и Скопје. Исто така очекуваме да имаме барем 40 регистрирани учесници на двата тематски вебинари кои ќе бидат имплементирани. Додатно, ќе привлечеме барем 1050 учесници во процесот на дисеминација, експлоатација и лобирање на проектните резултати.

 

 

Опис на активностите и резултатите

Со завршувањето на проектот, ќе имаме потполно функционална OPEN платформа на сите јазици од партнерските држави и на англиски за поширока видливост. По малите подесувања после пилот фазата, вклучувањето на пилотовата евалуација, објавувањето на добри пракси и спроведувањето на 2 вебинари, планираме официјално да ја пуштиме во употреба платформата 4 месеци пред завршетокот на проектот. Очекуваме да имаме најмалку 20 нови пракси кои ќе бидат поднесени од младински организации од нашите држави и Европа во целост, кои ќе евалуираат и валидираат. На крајот на проектниот циклус ќе имаме најмалку 12 објавени пракси, вклучувајќи ги и оние од пилот фазата.